Воведувањето иноваци во земјоделеството е неопходно поради фактот што 30 проценти од вкупниот извоз на Македонија се земјоделски производи, а 12 проценти е придонесот на оваа гранка во Бруто домашниот производ.

Ова беше истакнато на денешната панел дискусија на тема „Креирање платформа за калитетен еко систем за развој на иновациите и претприемништвото во земјоделството во Македонија“ што ја организираше Регионалниот бизнис центар во Струмица.

Според директорката на Центарот, Ксенија Вангелова, во креирањето и поттикнувањето на новитети во земјоделството се вклучени компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, академскиот сектор, претставници од Фондот за иновации, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и претставници на локалните самоуправи од регионот.

-Се повеќе земјоделците се соочуваат со проблем при пласманот на нивните проозводи и затоа сакаме преку оваа платформа да воведеме еден нов начин на размислување кај земјоделците од воведување на иновации, технологија, подобрување на агротехничките мерки, размена на искуства и знаења со европски мрежи со кои соработуваме, рече Вангелова.

Додаде дека земјоделството во Македонија е столб на економијата, а македонските земјоделци се уште се пионери во развојот на иновациите и претприемништвото во тој сектор.

-Токму ова платформа треба да ни означи почеток на нешто подобро, нешто поиновативно што ќе може да влијае на гарантираниот пласман, посочи Вангелова.

На панел дискусијата беше речено дека интересот кај земјоделците и компаниите за оваа платформа е голем и преку повеќе информативни сесии се настојува иновациите да бидат претставени на што повеќе заинтересирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 14:56