Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, денеска се сретна со претседателите на месните заедници пред кои ја презентираше нацрт верзијата на општинскиот буџет за идната 2019 година.

По елаборацијата на буџетската рамка, градоначалникот Поцков инсистираше од претставниците на месните заедници да ги слушне нивните сугестии и предлози кои треба да дадат придонес во формирањето на конечната верзија на општинскиот буџет.

Очекувано, повеќето од нив се интересираа за комунални и инфраструктурни барања со кои ќе се подобрат условите за живот на жителите од нивните населени места,кои треба да ги достават до локалната самоуправа најдоцна до завршувањето на јавната расправа.

Заложбите за целосна транспарентност во работењето на општина Гевгелија придонесоа и годинава општинскиот буџет да се носи во две фази,најпрво како нацрт верзија по која се води јавната расправа,а потоа како Предлог буџет кој пред крајот на годината ќе се најде на освојување пред општинските советници.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 17:57