Првиот контингент со термопан прозорци и врати, произведени од две фирми во Дебар и Центар Жупа, тргнаа за САД. Извозот го реализира фирмата „ APEC Construction”, сопственост на Ибрахим Колари, дебарски бизнисмен кој повеќе од три децени живее и работи во САД.

-Оваа прва, помала нарачка се состои од 30 врати и 45 прозорци, но се надеваме дека следните ќе бидат поголеми. Нашата надеж е заснована врз основа на квалитетот на прозводите. Иако во САД има се, сакаме да помогнеме на нашите во родниот крај, изјави во телфонски разговор Колари.

На овој начин, посочи, ќе се обезбеди зголемен обем на работа за фирмите и ќе се отворат нови работни места.

-Сакаме да влијаеме на намалување на миграцијата, младите да останат во родниот крај, не да замнуваат низ светот, зашто колку и да имаш, дома си е дома, истакна Колари.

Спорд него, речиси цел Дебар или околу 15.000 дебрани се преку океанот.

Ибрахим Колари кој пред повеќе години е прогласен и за флантроп во Македонија, е прв жител на Дебар кој дел од заработените средства ги инвестира во родниот град. Во неговата фирма „Кораб реади Микс“ има повеќе од 20 вработени.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 19:29