Засилени инспекциски контроли за време на викендите, аеросолизација согласно временски услови, зачестено миење улици, садење садници, забрана за движење во одредени часови од денот, достава само во одредени периоди, препораки за неизлегување надвор за деца и ученици, се дел од вонредните мерки што веднаш ќе ги примени Куманово за намалување на аерозагадувањето, одлучија советниците на денешната седница.

-Мерките треба веднаш да се применат, но тоа не значи дека не се подготвува план и програма за наредни четири години, во кои се опфатени и досегашни краткорочни и идни долгорочни мерки, рече Драган Чунгурски од Одделението за животна средина од општина Куманово.

Советниците од опозицијата, предводени од ВМРО ДПМНЕ, бараат проблемот системски да се решава, посочувајќи ја гасификацијата како клучна мерка, како и итно преземање други долгорочни мерки. Советниците од власта предводена од СДСМ, пак, кажаа дека се донесени одлуки за субвенција за гасификација, нагласувајќи дека веќе преземени и други мерки.

Советниците ја разгледаа и информацијата за недвижниот имот на општина Куманово и имотот на Македонија со кој располага Општината на барање на опозицијата.

Советот ја разгледа и усови физибилити студијата за оправданост од воспоставување јавно приватно партнерство за јавно осветлување и донесе одлука за почнување постапка за додлување договор за партнерство.

На седницата, советниците одлучуваа и за зголемување на заштитна цена на такси превозот во Куманово. Се согласија дека е се помал бројот на таксистите во Куманово. Советниците од опозицијата побараа да се намалат другите трошоци за да може да се зголеми бројот на такси превозот, што е, рекоа, суштинска потреба на Куманово. – Цената од 60 денари е компромисно решение во однос на барањата на таксистите и Општината. Старата цена е донесена пред десетина години и не соодвествува со сегашните трошоци и клучно, поради се помалиот број на издадени лиценци, тие побараа зголемување на запштитната цена, но секако дека се водеше сметка и за граѓаните, рече Момчило Јовановски од Секторот за комунални дејности.

Седницата ќе продолжи утре со оваа и наредните точки од обемниот дневен ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 20:10