Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Т.П.(32) од Скопјe поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот T.П. претходно работел како личен возач на сопругот на оштетената, a во текот на минатиот месец и се јавил преку телефон и посочил дека поседува документи што се од интерес на сопругот, кои доколку истата сака да ги добие ќе треба да исплати сума од 150.000 евра. Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому.

По добивање на пријавата, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје се преземни мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на добиената наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што прјавениот престојувал.

Во текот на вчерашниот ден лицето е приведено во полициска станица.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 13:02