Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, денеска ќе се отвори изложбата „Данка и студентите“, на автори од Македонија, дипломирани студенти од класите на проф. Костадин Динка Танчев.
Изложбата, под мотото „Уметниците студентите за Динка“, е создадена во чест на проф . Костадин Танчев – Динка кој со својата професионална посвестеност изградил неколку генерации млади графички дизајнери.
Освен во графичкиот дизајн, тој професионално бил ангажиран со студетите и во театарската сценографија, филмската анимација и графиката.
Авторите се од разни генерации, кои творат во различни медиуми како дизајн, сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација…
На изложбата се претставуваат 28 автори со 28 дела, а ќе биде изложено и едно дело од проф. Динка.