Војводката од Сасекс, Меган Маркл ненадејно се појави на свеченоста на Британските награди за мода, каде што присутните ги остави без здив, пишува „Дејли мејл“.
Војводката (37), која е бремена, се појави во едноставен црн фустан со отворено рамо, креација на модната куќа „Живанши“ и ја додели наградата за Дизајнер на годината на Клер Вејт Келер.
– Оваа жена е неверојатна. Имав можност да ја запознаам Меган на многу лично ниво. Некој да ви верува во толку личен момент во животот. Не можам доволно да и се заблагодарам бидејќи тоа беше прекрасен момент, рече добитничката на наградата Келер.