Четиринаесетгодишно момче вчера било нападнато од малолетни лица во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 2. Нападот се случил околу 16 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, случајот во полиција синоќа го пријавила мајката на момчето, К.Ј.(37) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2018 16:15