Екипата на Вест Хем го победи Фулам на гостински терен со 2:0 во натпревар од 17-тиот круг од првенството на Англија.

Головите за Вест Хем ги постигнаа Роберт Снодграс и Мајкл Антонио.

Ова беше четврта победа во серија за Вест Хем по која се искачи на 9.место на табелата со 24 бода.

Фулам со само девет освоени бода е на последната позиција.

Резултати на другите денешни натпревари од 17.коло во Премиер лигата:

Манчестер Сити – Евертон 3:1

Кристал Палас – Лестер 1:0

Хадерсфилд – Њукасл 0:1

Тотенехм – Барнли 1:0

Вотфорд – Кардиф 3:2

Вулвс – Бурнмут 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 00:48