Дебранец е повреден при товарање вреќи со жито.

Како што информира МВР, вчера околу 14,40 часот во Демир Капија пријавено е дека во близина на „Прждевски споменик“, Н.Б.(41) од село Могорче, Дебарско, додека товарал вреќи со жито во трактор „ИМТ 539“ , во еден момент тракторот сам се придвижил, при што тој се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2018 02:43