Откако Елајза Душку го обвини главниот актер во серијата „Бул“, Мајкл Ведерли, за сексуално вознемирување, неделава доби 9,5 милиони долари и отказ врз основа на тоа. Веднаш по овој расплет, две негови колешки од хит серијата „НЦИС“ застанаа во негова одбрана.

– Овој човек… го знам, почитувам, сакам, му верувам и го знам. Две децении пријателство и почит. Сѐ најдобро. Те сакам!, напиша глумицата Поли Перет на Твитер објавувајќи слика со Ведерли.

Перет инаку пред неколку месеци објави неколку твитови каде што вели дека ја напуштила „НЦИС“ поради сексуално вознемирување од колега, не посочувајќи кој. Ведерли го напушти проектот една година пред неа.

И Саша Александер, уште една поранешна негова колешка од серијата, го мисли истото.

Душку се појави само во три епизоди од „Бул“, а наводно требало да остане дел од главната актерска постава, пред да биде отпуштена од проектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2018 15:11