Претседателот на Одборот за надворешни работи на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачeв предложи да промена на Руската воена доктрина.

Тој наведе дека делот во кој се наведува „дека неутралните држави нема да бидат во дострел на руските ракети“ треба да се промени во „државите кои одржуваат неутралност да не бидат дел од руските воени планови“.

Косачeв истакна дека новата формулација би имала попозитивен пристап.

Таквата формулација не би имала толку заканувачки карактер како постоечката, која порачува, ако се придружите на НАТО ќе бидете во дострел на руските ракети, наведе Косачeв.

Тој исто така предложи и расправа за економските бенифиции за државите кои ќе ја задржат својата неутралност односно дека европските земји треба да бидат наградени со преференцијален статус во соработката со Русија.

Косачeв го наведе примерот со трите поранешни советски републики нагласувајќи оти Белорусија е руски сојузник, Украина себе си се смета за руски непријател, а Молдавија има посебен неутрален статус. Затоа тој предлага интензивирање на соработката со Молдавија, која задржала неутралниот статус.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 10:31