Против 30-годишниот охриѓанец Б.Т. Секторот за внатрeшни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“ .

Како што соопшти МВР, пријавениот кражбите ги сторил во периодот од јули до ноември, годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и соодветен алат.

-По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369.121 денари, наведуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 15:52