Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела.
Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои Бугарија, Австрија, Австралија, Швајцарија и Италија.
Белгија гласаше за поддршка на договорот, иако тој предизвика повлекување на една од партиите од владејачката коалиција и доведе до оставка на премиерот Шарл Мишел.