Сенатот на САД доцна синоќа со акламација донесе одлука за продолжување на временото финансирање на неколку федерални институции до 8 феврури, со што е спречена блокада на администрацијата.

Одлуката за продолжување на временото финансирање сега треба да ја одобри и Претставничкиот дом на Конгресот.

Рокот на претходната одлука за времено финансирање на некои федерални институции во САД истекува утре и ако Конгресот не ја продолжи нејзината важност, можна е блокада на администрацијата.

Со ова одлука на Сенатот не е предвидено обезбедување на пет милијарди долари, на кои инсистира американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата кон Мексико.

Трамп се уште не се изјасни околу решението на Сенатот, а Белата куќа соопшти дека тој ќе ја разгледа одлуката, пред да се произнесе по неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 10:24