Славата и парите често одат заедно. Во годината што изминува со најдебела банкарска сметка, може да се пофали Џорџ Лукас, режисер на култниот научно-фантастичен серијал „Војна на ѕвездите“, со 5,4 милијарди долари.

Иако овие филмови се гледаат речиси четири децении, главната причина за богатството на Лукас е продажбата на филмот на Волт Дизни за 4,1 милијарда долари во 2012 година, пишува „Форбс“.

Зад Лукас е Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а најдобро пласираната жена е Опра Винфри, на чија сметка се наоѓаат 2,8 милијарди долари.

Триото од и зад екранот, го следи најдобро пласираниот спортист, Мајкл Џордан, 1,7 милијарди долари, кој годинава го зголеми своето богатство со профит од продажба на патики.

Најбогатите десет Американци заедно поседуваат 18,7 милијарди долари, што е, на пример, повеќе од БДП на Исланд.

На листата на најбогати луѓе оваа година се најде Кајли Џенер (21) со 900 милиони евра и се заканува да стане најмладиот милионер досега. Кајли само благодарение на социјалните мрежи, каде ја следат повеќе од 180 милиони следбеници, успеала да ги заработи тие пари. Кајли е една од најбогатите жени во Америка.

Петто место со Кајли Џенер го дели Џеј Зи, чие богатство се проценува и на околу 900 милиони евра. Нето износот, кој го заработил во 2017 година, се проценува на околу 90 милиони евра. Тој поседува империја на забава „Рок Нејшн“ и на стриминг сервис Тидал.

Вака изгледа листа на најбогатите познати личности:

1. Џорџ Лукас – 5,4 милијарди долари

2. Стивен Спилберг – 3,7 милијарди долари

3.Опра Винфри – 2,8 милијарди долари

4.Мајкл Џордан – 1,7 милијарди долари

5.Кајли Џенер – 900 милиони долари

6. Џеј Зи 900 милиони долари

7. Дејвид Коперфилд – 875 милиони долари

8.Пи Диди – 825 милиони долари

9.Тајгер Вудс – 800 милиони долари

10. Џејмс Патерсон – 800 милиони долари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 00:59