Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција за Гази Баба при СВР-Скопје по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против лицата Д.Р.(18) и А.М.(18) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“.

Како што соопшти МВР, пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до село Брњарци, скопско и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари.

-По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица. По преземени мерки двете лица се лишени од слобода. Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје, посочуваат од МВР.

Во Полициската станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител на 19 декември од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 16:16