Ријана конечно подготвува нов албум кој ќе биде објавен во 2019 година.
Поп-ѕвездата ја објави веста доста спонтано. На пост во нејзиниот „Инстаграм“ профил, обожавател на пејачка праша кога ќе видиме нов албум, на што популарната Ри Ри изненадувачки одговори: „2019“.
Ѕвездата на светската музика не издала албум од 2016 година, кога го излезе „Анти“. Потоа, Ријана се вклучи во други деловни потфати и, навистина, оствари огромен успех со нејзината козметика „Фенти бјути“ и нејзината долна облека „Севиџ x Фенти“.
Во однос на тоа како ќе звучат новите песни, во мај пред „Вог“ таа спомена дека сака да направи реге албум. Сепак, ќе мора да почекаме уште неколку месеци за да дознаеме со сигурност.