Најмалку 22 лица загина изминативе денови за време на протести на опозицијата во Судан, соопшти денеска опозицискиот лидер Садик ал Махди.

– Протестите беа причина за смрта на 22 маченици, а многумина беа повредени, изјави Ал Махди.

Меѓутоа, според суданските власти, во „судири меѓу силите за справување со немири и демонстрантите“ загинале најмалку осум лица.

Според Махди, протестите започнале во средата поради одлуката на властите за поскапување на лебот од една на три судански фунти (од две на шест евро центи).

Махди е поранешен судански премиер, кој раководеше со последната цивилна Влада на Судан, што беше соборена од власт во 1989 година, од страна на актуелниот шеф на државата Омар Башир.


Најмалку 22 загинати при протести на опозицијата во Судан

Судан се соочува со сериозни економски проблеми, при што инфлацијата достигнува околу 70 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 01:19