Министерството за внатрешни работи изминатата ноќ регистрираше три случаи на нарушување на јавниот ред и мир во три угостителски објекти во Скопје.
Во првиот случај во угостителски објект на ул ,,Живко Фирфов“ физички бил нападнат од И.А(42) од Скопје.
Во угостителски објект на улицата „Венјамин Манчуковски“, Н.Б. го нарушил јавниот ред и мир со кршење на чаши и други предмети и агресивно се однесувал кон вработените затоа што не му било дозволено да остане во објектот по завршувањето на работното време.
Ј.К (19), пак, пријавил дека во угостителски објект лоциран на улицата „Скупи“ бил физички нападнат од С.К од Скопје додека седеле на иста маса во објектот.
Од МВР најавуваат дека против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.