Осумдесет и двегодишна старица од Прилеп починала откако во нејзиниот дом синоќа околу 20 часот избувнал пожар.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 82-годишната М.К. е пронајдена мртва и оти најверојатно починала од задушување со чад.
Пожарот избувнал околу 20 часот на улицата „Митко Цветановски“ во Прилеп и бил изгаснат од противпожарна единица. Извршен е увид на местото на настанот.