Познатата албанска пеачка Јонида Малиќи, со песната „Врати се во земјата“ќе ја претставува Албанија на „Евровизија 2019“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Тема на песната е емиграцијата. Автор на текстот и музиката е Ериона Рушити.
Триесетишестгодишната Малиќи го освои првото место на фестивалот што го организира албанската државна телевизија „Фест ‘57“. Редовно победникот на овој фестивал е претставник на земјата на Евросонг.
– Сè уште не верувам. Им благодарам на оние кои ја создадоа оваа песна, на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг, изјави по победата Малиќи.
Второто место на фестивалот го освои Лидиа Луфи а трета беше Еранда Либохова.
На официјалната страница на Евровизија стои дека Албанија е првата земја која го пријавила својот претставник.