Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика, кои околу три недели плутале на море.

Рибарите се спасени од туристичкиот брод „Царица на морето“ во петокот навечер помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка.

Не било предвидено туристичкиот брод да плови по таа траса, но го сменил правецот поради лошото време.

Рибарите ја напуштиле Костарика на 1 декември, а плутале во чамец по морето бидејќи заспале и останале без бензин. Двајцата спасени на бродот добиле медицинска нега.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 15:27