Американскиот министер за одбрана во заминување Џејмс Матис ја потпишал наредбата за повлекување на силите на САД од Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон.

Потпишувањето на наредбата доаѓа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Матис ќе биде заменет два месеци порано од очекуваното.

Во средата Трамп соопшти дека ја повлекува војската од Сирија поради високата цена која се плаќа со животите на војниците, но и финансиските средства кои ги даваат даночните обврзници.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 15:35