Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Саудиска Арабија прифатила наместо САД да понуди финансиски средства за обновување на Сирија, која е уништена од војната.

Тој тоа го објави синоќа на својот налог на Твитер и истовремено му се заблагодари на Ријад.

– Саудиска Арабија се согласи наместо САД да понуди пари кои се потребни за обновување на Сирија. Гледате? Не е ли убаво кога многу богатите земји помагаат во обновување на нивните соседи, наместо тоа да го направат САД, кои се оддалечени 5.000 милји. И благодариме на Саудиска Арабија, напиша Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 13:15