Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган изјави денеска дека најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за повлекувањето на американските сили од Сирија.
Меѓутоа, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека во моментов Путин не планира таква средба.
Според Си-Ен-Ен Турк, шефот на турската дипломатија Мевлут чавушоглу во следните денови ќе отпатува во Русија на средби посветени на повлекувањето на американската војска.
Инаку, Песков денеска потврди дека Путин ќе отпатува во Србија во јануари. Српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена рече дека го очекува Путин во Белград на 17 јануари.