Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја изјави дека односите меѓу Москва и Вашингтон „практично се непостоечки“ и тоа не е лошо само за двете земји туку и за светот, додавајќи дека се забележува мала можност за нивно подобрување.

Тој во разговор со новинарите во Њујорк истакна дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба да и понуди на Северна Кореја „некаков поттик“ за да се продолжи со денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, нагласувајќи дека ситуацијата во моментот е „во пат позиција“.

Небензја изрази загриженост доколку ситуацијата се врати на 2017 година, кога беше зголемена опасноста од нуклеарни и ракетни проби, а реториката ескалираше.

Зборувајќи за Иран, рускиот амбасадор изјави дека е загрижен за евентуалната идна американска стратегија доколку санкциите против таа земја не го дадат посакуваниот резултат на администрацијата на Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 13:20