Полицијата работи на расчистување на вооружениот грабеж на златарницата во центарот на Прилеп, што се случи изутрината околу 8,40 часот, информираат од СВР Битола.
Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, грабежот го извршиле три непознати, вооружени лица, и, најверојатно не биле маскирани.
-Со закани со оружје кон сопственичката на златарницата, успеале да украдат злато. Ја повредиле и сопственичката има телесни повреди, вели Стаматова.
Вооружениот напад се случил речиси веднаш по отворањето на дуќанот. Напаѓачите влегле кога сопственичката почнала да го изложува накитот. Сѐ се случувало пред очите на околните дуќанџии, кои, потресени, не сакаат официјално да говорат за настанот.