Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска во традиционалната божиќа порака „За градот и светот“ (Урби ет орби) нагласи дека на разликите меѓу луѓето ттреба да се гледа како на богатство, а не како на опасност, повикувајќи на помирување во реоните каде беснеат судири.

Во обраќањето пред голем број верници на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, папата апелираше на „братство меѓу луѓето со различни идеи, способни да се почитуваат и сослушаат меѓусебно“.

Осврнувајќи се на проблемот со миграцијата, понтофот порача дека „Господ сака љубов, прифаќање и почитување во нашето скромно човештво, поделено на различни раси, култури и јазици“. Папата Франциско повика на обнова на дијалогот меѓу Израелците и Палестинците за да се најде решние за спрот што „доведе до раздор во земјата која Господ ја избрал за да го покаже своето лице на љубовта“ и побара од меѓународната заедница да работи на изнаоѓање политичко решение во конфликтот во Сирија и за ставање крај на граѓанската војна во Јемен. Поглаварот на Католичката црква апелираше и за единство во Никарагва и Аргентина, за помош на милионите мигранти и протерани лица во Африка и за „мир со почитување на правата на сите нации“ во Украина. Овогодшното божиќно послание на папата се одржа под засилени безбедносни мерки, откако полиција минатата недела во јужна Италија уапси еден Сомалиец, за кој се претпоставува дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и кој се заканувал дека ќе постави бомби во повеќе италијански цркви, вклучително и во базиликата „Свети Петар“ во Рим.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 15:48