Контролите на сообраќајната полиција покажаа дека на патиштата и понатаму возачите возат под дејство на алкохол. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека при последната контрола на терен фатени се 20 возачи, кои возеле под дејство на алкохол.
–Контролирани се 204 возачи. Кај 20 од нив е утврдено присуство на алкохол. Истите се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни парични казни, вели Панајотова.
Надлежните од СВР-Штип апелираат за време на Новогодишните и Божиќни празници возачите да не седнуваат зад воланот, доколку претходно прославиле некаде со чашка алокохол, бидејќи во опасност ги ставаат животите на патниците во возилото, но и на останатите учесници во сообраќајот.
–Брзина на движење, првенство на минување, неправилно престигнување, непрописно престројување и прекршоци што иницираат несреќи со далекусежни последици, рече Панајотова.
Казните за возачите изнесуваат до 375 евра во денарска противредност, односно до 60 негативни бода во возачката книшка, од максимум 100 и забрана за управување возило до 12 месеци.