Иран преговараше со авганистанските талибанци, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Али Шамхани.

Тој појасни дека авганистанската Влада била во тек со преговорите и оти процесот ќе продолжи. Шамхани, кој е во посета на Авганистан, рече дека и за време на денешната посета разговарале за содржината на преговорите.

Не се соопштува каде се одвивале преговорите.

– Иран е столб на стабилноста во регионот и соработката меѓу двете земји ќе помогне за решавање на проблемите со безбедноста во Авганистан, потенцираше иранскиот претставник.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 13:13