Околу 2.000 денари штета била нанесена на црквата „Свети Атанасие“ во тетовското село Радиовце по тешката кражба што била извршена ноќта помеѓу понеделник и вторник информираа од СВР Тетово .

Кражбата била пријавена во полиција вчера од страна на Ч.П.(62) од Радиовце по што екипи на полицијата извршиле увид во црквата. Според нивните податоци засега непознатите сторители насилно ја отвориле дрвената влезна врата по што од иконите во црквата одзеле околу 2.000 денари во разни апоени и го напуштиле местото.

Полицијата работи на утврдување на нивниот идентитет и расчистување на кражбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 13:29