Во полицијата синоќа мајка пријавила дека одделенска наставничка од основно училиште во населба Аеродром, го влечела нејзиниот син за рака и се обидела да го изнесе надвор од училницата.

Од МВР соопштуваат дека, М.П. (43) од Скопје, синоќа пријавила дека на 25-ти декември, околу 8,30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основното училиште во населба Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.

Како што известуваат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 13:41