Борбата за дисплеи без никакви ограничувања ќе влезе во нова фаза во јануари 2019 година, кога „Самсунг“ ќе ја демонстрира својата следна иновација во екраните за паметни телефони. Се очекува на престижниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас да видиме реален дисплеј, од кој директно излегува звук. Потсетуваме дека „Сони“ веќе нуди слична технологија за своите телевизиски приемници.

Новата карактеристика се нарекува „Саунд он Дисплеј“ (Sound on Display) и треба да стане стандард за идните ОЛЕД екрани на корејската компанија. Новиот дисплеј ќе им овозможи на корисниците да слушаат звуци со поставување на увото преку широк дел од горната половина на екранот.

За технологијата за првпат се проговори во лето, а сега новите гласини тврдат дека нè делат само две недели од неговата премиера.

Покрај телефони, „Самсунг“ исто така ќе сака да користи „Саунд он Дисплеј“ и за неговите телевизори.

Како и дисплејот „Инфинити-O“, звукот на екранот му овозможува на производителот да понуди телефони со највисок сооднос на дисплеј – корпус. На пример, кај „Самсунг Галакси Ес10 +“ се очекува да биде цели 93,4 проценти.

И „ЛГ“ и некои кинески производители, исто така, се очекува да демонстрираат прототипови со слична технологија на ЦЕС 2019.

Саемот започнува на 8-ми јануари и трае до 11-ти јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 20:00