Детската ѕвезда од филмовите „Сам дома“ и „Ричи Рич“, Меколи Калкин реши да си го смени името, оти сега, кога тој има речиси 40 години, тоа „му звучело глупаво“.

Имено, Меколи Карсон Калкин сака да го избрише средното име и да го замени со друго што ќе го изберат следачите на неговата официјална интернет страница.

– Сѐ што сакам за Божик, е да си го сменам името… Сакам некое „фраерско“ име. Ми испративте стотици предлози, па еве ги моите пет омилени…, соопшти глумецот ставајќи ги петте имиња „на гласање“.

Петте избори на анкетата беа: Меколи Калкин (неговото сегашно име без средното), Киран (името на неговиот брат), Шарк Вик, Д-Мекрибисбек и Паблисити Стант (каскадер на популарноста).

Дури 60 отсто од луѓето гласаа за името Меколи Калкин, па сега глумецот најверојатно ќе се прекрсти во Меколи Меколи Калкин Калкин.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 13:05