Вечерва во 21.38 часот во полиција е пријавено е дека на улицата „Шарпланинска“ во населба Даме Груев, кај општинската зграда на Ѓорче Петров, лежи лице кое не дава знаци на живот, до возило „пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65).

До овој момент не е утврден идентитетот на лицето. Засега не се открива дали станува збор за убиство. Претходно, повикувајќи се на свои извори, медиуми пренесоа дека починатото лице било ликвидирано со куршум во глава и дека имало престрелка во Кондово која би можела да биде поврзана со овој случај. Но од МВР потрвда за поврзаноста на случаевите сеуште нема.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 01:01