Дваесет и петгодишно момче почина, а двајца се повредени во катастрофалниот пожар што вчера околу пладне избувна во центарот на Скопје, зад трговскиот центар „Рамстор“ во сервис за мопеди, пренесува МКД.мк
Четвртиот што бил во просторијата се спасил откако излегол да разговара на мобилен телефон.
Експлозијата се случила околу пладне. Во оваа просторија работеле четворица. Починатото момче и уште тројца.
Двајца се со изгореници и префрлени на болничко лекување. Четвртиот колега го спасил телефонскиот повик, бидејќи излегол да разговара на телефон пред да се случи експлозијата.
Пожарникарската интервенција се изведуваше со 8 возила и 22 пожарникари, а во близина на пожарот се издигаше густ облак од чад.