Земјотрес со инјтензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јужниот филипински остров Минданао, соопшти Американскиот геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 193 километри источно од градот Генерал Сантос.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови, како и дека не е загрозена американската сојузна држава Хаваи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 10:39