Тренерот на Арсенал, Унаи Емери призна дека кога го предводеше ПСЖ имал сомнежи околу можностите на Мохамед Салах.
Кога ја разгледувавме можноста да го донесеме Салах во ПСЖ, имавме сомнежи околу неговите квалитети. Тоа го искористи Ливерпул и го купи. Сега, ако зборуваме за петте најдобри фудбалери во светот, дефинитивно ќе го вклучам Салах на оваа листа, беше искрен Емери.
Оваа сезона, Салах одигра 26 натпревари за Ливерпул, постигна 15 гола и имаше шест асистенции.