Британската влада ќе потроши над 100 милиони фунти за дополнителни ферибротски врски со Европа ако државата излезе од ЕУ без трговски договор.

Дополнителни бродови ќе бидат неопходни за нови маршрути преку Ламанш во случај на застој во главниот француски терминал Кале и британскиот Довер и Фолкстоун за царински проверки.

Во моментот камиони на еврочленките се движат без царински проверки во блокот. При брегзит без зделка дури и неколкуминутно задржување на царина за секој камион ќе значи и колони од автомобили на пристаништата и колони на двете страни од Ламанш.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 15:34