Шеесет и едногодишен жител на тетовско Долно Седларце почина откако на него налетал автомобил марка „БМВ“, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера во 17:20 часот било пријавено дека на патниот правец Тетово-с.Брвеница, патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од А.А.(22) од Тетово, удрило во велосипед управуван од З.С.(61) од с.Долно Седларце-тетовско. Во незгодата на местото на настанот починал велосипедистот.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 13:26