Ф.С. (22) од Куманово е тешко повреден откако синоќа на крстосницата од улицата “100“ и улицата “146“ се удрил сопатничко моторно возило „Форд Фокус“ управувано од А.Б.(28), исто така од Куманово.

Според МВР, несреќата е пријавена околу 21 часот.

Ф.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 14:22