Хрватската полиција соопшти дека на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска е запрен македонски државјанин кој возел 254 километри на час.
Хрватските медиуми јавуваат дека покрај паричната казна, на возачот му е изречена забрана за управување со возило на територија на Хрватска во наредните месец дена.
Македонецот, пишуваат хрватските медиуми, управувал возило со германски регистерски таблички.