Италијанската полиција уапсила Македонец, кој на новогодишната ноќ пијан тепал луѓе на улица во гратчето Диано Мартина, а при апсењето им поделил и по некоја клоца и тупаница на карабиниерите кои го апселе, пишуваат тамошните медиуми, дознава 24 Инфо.

Станува збор за македонски државјанин на возраст од 24 години, кој бил приведен и однесен на трезнење. Тој денеска бил експресно осуден на условна затворска казна од осум месеци.

Обвинетиот, кој е барател на политички азил во Италија, пред судијата рекол дека бил толку пијан што на ништо не се сеќава.

Инцидентот се случил на шеталиштето покрај морето во Диано Марина, место во провинцијата Лигурија, во близина на Џенова. Десетина минути откако насобраните граѓани ја дочекале Новата Година нашинецот без никаква причина и повод почнал да ги тепа луѓето.

Насилникот бил видно под дејство на алкохол, па присутните повикале полиција. Во меѓувреме тој не бирал кого тепа, па им удирал клоци и тупаници на старци, жена и на деца.

По кратко време стигнала полициска патрола зедно со медицинска екипа, која се обидела да го смири и приведе тепачот. Македонецот не сакал да се смири, па почнал да ги удира карабиниерите, давајќи жесток отпор, но најпосле бил совладан.

Откако му ставиле лициси на насилникот, лекарска помош морале да побараат и полицајците, кои велат дека спречиле поголем инцидент. Поради повредите двајца карабиниери ќе мора да отсуствуваат од работа- едниот три, другиот десет дена додека не закрепнат од повредите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 03:00