Девојка нападната вчера во ресторан во Скопје од поранешното момче.

Вчера во 18:00 часот 32-годишната Д.Ј. од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот пред угостителски објект на улица „Њу Делхиска" додека била со 35-годишниот Т.Т. биле физички нападнати од 40-годишниот И.В. од Скопје.

Спред пријавеното, причината за физичкиот напад е тоа што пред еден месец Д.Ј. ја прекинала љубовната врска со сторителот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 03:03