Вршителот на должност секретар за одбрана Патрик Шанахан упати порака до цивилните лидери во американската војска да не заборават на Кина дури и кога се борат против екстремистите во Сирија или во Авганистан.
Според неименуван извор, вршителот на должност секретар за одбрана Шанахан истакна дека САД треба да се фокусира на националната стратегија за одбрана.
Други неименувани воени претставници Шанахан го опишаа како движечка сила на се поостриот став на Пентагон кон Пекинг, што подразбира и обележување на Кина како стратешки конкурент во Националната стратегија за одбрана.
Шанахан е поранешен извршен директотр на „Боинг“ и беше заменик на Џејмс Матис. Но, се уште не е познато колку време ќе биде вршител на должноста секретар за одбрана.