Поранешниот американски маринец Пол Велан е обвинет во Русија за шпионажа и доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од 20 години.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека почнала истрага против Велан откако тој беше уапсен во петокот во Москва поради сомнеж за шпионажа, но не ја откри природата на неговите шпионски активности.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон се надева оти наскоро ќе има пристап до Велан и побара негово итно враќање во САД ако се утврди дека е неосновано уапсен.

Велан е поранешен маринец од Мичиген, а неговиот брат изјави дека тој отпатувал во Москва за да присуствува на венчавка



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 03:15