Американска делегација предводена од заменикот претставник за трговија Џефри Геришаем, на 7 и 8 јануари ќе престојува во Пекинг за трговски преговори со Кина, соопшти прес-службата на кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението се додава дека двете страни „активно и конструктивно“ ќе го разгледаат она што го договорија претседателите на Кина и САД, СИ Џинпинг и Доналд Трамп на средбата во Аргентина, одржана во декември на маргините на Самитот на Г-20.

Вашингтон планираше овој месец да ги зголеми царините за увоз на стоки од Кина, што беа воведени во септември 2018 година, од сегашните 10 на 25 отсто.

На средбата во Аргентина лидерите на Кина и САД се договорија да го одложат покачувањето на увозните царини за 90 дена и да одржат дополнителни проговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 16:52