Демир Капија синоќа грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол.

– На 03.01.2019 година во 20.00 часот на автопат Миравци – Д.Капија, после тунел Т2, на место викано „Јаворица“ случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Икс3“ со грчка национална ознака управуван од С.Г.(45) од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа во товарното возило марка „МАН“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од А.Т.(39) од Демир Капија, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Во незгодата се повредени две деца на пет и тригодишна возраст, сопатници во патничкиот автомобилот, кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 17:40