Едно вооружено лице е уапсено денеска по престрелка во зграда во близина на главната железничка станица во германскиот град Келн, соопшти локалната полиција.

Засега нема повеќе детали за настанот, ниту информации за евентуални жртви.

Претставник на полицијата изјави дека најверојатно станува збор за „престрелка поврзана со моторџиски банди“.

Електронското издание на магазинот „Билд“ наведува дека поради инцидентот биле ангажирани и припадници на специјалните полициски единици, бидејќи полицијата не ја исклучува можноста во зградата во која се случила престрелката да има и други вооружени лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 18:20